Повредени осум лица во земјотресот што го погоди Истанбул

Макфакс

26/09/2019

18:43

1.103

Големина на фонт

а а а

Осум лица се полесно повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени што денеска го потресе Истанбул.

Земјотресот е регистриран во Мраморното Море во 13,59 часот по локално време, на длабочина од седум километри и е почувствуван во западната област Мармара.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека повредените веднаш биле медицински згрижени.

Освен информации за помали разурнувања, нема извештаи за голема материјална штета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг