Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Турција

Макфакс

26/09/2019

14:21

1.432

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Западна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според веб-страницата Volcanoes Discovery, земјотресот се случил во 11:59 часот. Длабочината на земјотресот била 10 километри.

ЕМСЦ објави дека потресот се случил 64 км западно од Истанбул и 36 км југозападно од Бујукчекмеџе, на 24 км јужно од Силиври. Според ЕМСЦ, длабочината на земјотресот била 12 километри. Според извештаите, некои училишта и компании во Истанбул биле евакуирани од безбедносни причини.

Засега нема извештаи за жртви или штети.

Турција се наоѓа во сеизмички активна зона и често е погодена од моќни земјотреси. Последниот потрес со јачина од 5,8 степени во земјата се случи во август и за среќа во него немаше повредени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг