Облачно со температура до 26 степени

Макфакс

26/09/2019

09:57

711

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 16, а максималната од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 12 до 23 степени.

Од петок нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и потопла воздушна маса поради што ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг