Во фабрика во Франција се случи експлозија која што предизвика пожар - на терен со огнената стихија се бореле над 130 пожарникари.
Големиот пожар изби рано утринава во француска фабрика во северниот крајбрежен град Руен, пренесуваат француските медиуми. Во овој момент нема информации за настрадани во пожарот и силната експлозија во фабриката „Лубризол“ која произведува специјални хемикалии.
Околу 130 пожарникари излегле на терен за да се справат со огнената стихија, а поставен бил и безбедносен коридор.
ALERTE - Explosions & gigantesque #incendie dans l'usine #Lubrizol de #Rouen, classée #Seveso. Population confinée, établissements scolaires fermés aujourd'hui. Les pompiers ne parviennent pas à maîtriser le feu, des renforts d'autres départements engagés.pic.twitter.com/sc4Tie3w0T
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) September 26, 2019