Ристеска без грам шминка со мотивирачка порака: „Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености“

Точка

24/09/2019

18:56

7.554

Големина на фонт

а а а

Елена Ристеска во последно време постојано ја интригира јавноста.

Најпрво привлече внимание откако нејзина фотографија беше објавена на страницата на брендот на Ријана. По неколку денови ја заинтригира јавноста со провокативни фотографии од нејзиното извајано тело.

А, денеска пак, Елена објави една по малку необична фотографија, кога би ги земале предвид сите нејзини претходоно објавени.

Имено, таа сподели фотографија на која нема ни грам шминка, а во описот напиша многу мотивирачка порака.

„Не се гледа на фотката, но не сум доволно висока и не сум доволно слаба. Доволно? Според она што општеството го одредува дека е доволно. Па.. немојте никогаш да дозволите некому да направи да се сомневате во себе си. Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености“, е дел од описот под фотографијата на Елена.

Со оглед на тоа дека ја следат повеќе од 100 илјади корисници, Елена својата популарност ја насочува кон вистинските вредности.

„Преубава си без шминка убавице“, „Не ти треба шминка“, „Шириш убава енергија“, „Таман си Еленче“, се само дел од бројните коментари од фановите на пејачката.