Утре нестабилно со дожд и грмежи

Макфакс

23/09/2019

18:50

1.385

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 9 и 16, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Температурата од 13 од 21 степен.

В среда и четврток ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во четврток попладне. Потоа, од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг