Арсовски: Кој го замолчи Боки 13 да не даде исказ во истрагата?

Макфакс

23/09/2019

15:53

1.960

Големина на фонт

а а а

Поминаа пет месеци и дури сега беше повикан на распит првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13. Непрофесионалниот однос кон истрагата на русковска-обвинителството доведе до развлекување на целата истрага и доведе до невиден хаос во целата истрага, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако јавноста беше запознаена дека Боки 13 секој втор ден беше носен на клиника на прегледи каде што јавноста отворено се сомневаше дека таму има средби со одредени луѓе од истрагата инволвирани во случајот, затоа главното прашање коешто денеска сакаме да го поставиме е следното: кој го замолчи денеска Бојан Јовановски, алијас Боки 13, да не даде исказ во истрагата? Кој од врвот на власта се плаши од вистината што може да ја каже Бојан 13? Кој од врвот на власта се плаши од исказот на Боки 13 да ја каже вистината? Со што е уценуван Боки 13 да замолчи и да не го даде својот исказ денес?“, прашува Арсовски.

По сето ова, додаде тој, се гледа Русковска свесно ја води истрагата под палка на Зоран Заев.

„Сведоци сме изминатиов период на низа неправилности во целата истрага додека ја води рускоска-обвинителството. Сведоци сме дека низ медиумите излегуваат мал милион докази, документи и записи од истрагата, каде што се гледа дека намерно и свесно се прикрива целата истрага. Очигледно е дека истрагата на обвинителството за случајот ‘Рекет’ доцни повеќе од 5 месеци, а тоа се со една и единствена цел, да се прикријат нарачателите и доказите за целиот случај. Боки 13 денеска беше свесно замолчен за да ги прикрие вистинските нарачателите на милионскиот рекет кој е можеби најголем скандал во историјата на Република Македонија“, рече Арсовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг