Бојан Јовановски не дава исказ во Обвинителството без да ги види доказите

Макфакс

23/09/2019

13:09

2.133

Големина на фонт

а а а

Бојан Јовановски познат како Боки 13 одбил да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска бидејќи не му биле презентирани доказите прибавени од Обвинителството, дознава „Макфакс”.

Тој веќе еден час е на распит, заедно со неговиот адвокат, Сашо Дуковски.

Боки 13 беше приведен на 15 јули годинава на граничниот премин „Богородица“ при обид за бегство поради сомненине за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев.

Од страна на судот му беше одреден триесетдневен притвор, кој потоа му беше продолжен. Според истрагата која ја води Русковска, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати земале 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Утре на распит ќе биде донесена ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, која исто така се наоѓа во притвор.

Минатиот месец, на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец. Тој три часа се задржа во обвинителството, користејќи го своето право да се брани со молчење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг