Лудило: Партијата на Вучиќ развила тајна апликација за „лајкување“ - деноноќно се работело по упатства од штабовите!

Точка

23/09/2019

11:35

2.199

Големина на фонт

а а а

Членовите на Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ користеле апликација за автоматско „лајкување“ на одбрани коментари на читателите на порталите „Курир“ и „Еспресо“, откри истрагата на новинарите на Центарот за истражувачко новинарство на Србија.

Манипулацијата на коментарите била изведена со помош на "VotR2" апликацијата која била достапна на Google Play до јули оваа година. Корисниците по инсталацијата селектирале одредени коментари, по што апликацијата потоа сама ја вршела работата.

Станува збор за апликација која работи во позадина и на секои шест секунди става „плус“ или „минус“ на некој коментар на порталите кои што не се под контрола на режимот на Вучиќ.

Сервер на владеачката партија

Упатства за тоа каде треба да се гласа, кои коментари треба да бидат „наградени“ или „казнети“ доаѓале од сервер со IP адреса 77.46.148.99 од локација која од 2016-та година била регистрирана на име на Српската напредна партија.


Апликацијата детално ја анализирал експертот за дигитална безбедност Јур ван Берген кој работи за меѓународниот Проект за известувања за корупција и организиран криминал (OCCRP).

„Апликацијата "VotR2" е специјално дизајнирана за манипулација на коментарите со гласање“, вели Ван Берген, кој додава дека резултатите можат да се видат и денес, така што под вест за српскиот претседател Вучиќ, секогаш најмногу „плусеви“ имаат пофалните коментари.

Извршната директорка на „Еспресо“ нагласила дека порталот на никого не дал пристап, а додала и дека и во медиумт забележале манипулација со податоците. Како што открила, после консултацијата со техничкиот тим ѝ било потврдено дека веб страницата има проблеми со „ботови кои што гласаат автоматски“.


Јавната администрација на социјалните мрежи

Уште од 2014-та година е познато дека Српската напредна партија на Вучиќ имаше намера да воспостави „онлајн доминација“ кога протече "PowerPoint" презентација во која се претставени детални упатства како активистите на партијата треба да коментираат на Фејсбук и Твитер.

Целта на ваквата активност во која е вклучена државната администрација е да се создаде впечаток дека владата на Српската напредна партија, владата и претседателот Вучиќ имаат широка поддршка од народот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг