Јунајтед го губи трпението со Солскјер, веќе го избрал наследникот на Норвежанецот

Дерби

21/09/2019

17:41

3.625

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед не ги постигнува посакуваните резултати под водство на Оле Гунар Солскјер, а иако ова за него е прва сезона во која од почеток го води клубот, може брзо да остане без ангажман.

„Дејли мејл“ тврди дека раководството на премиерлигашот веќе го детектирало неговиот наследник во Томас Тухел и наводно има усмен договор со Германецот. Доколку Солскјер не успее да го подигне нивото на екипата до половината на оваа сезона, веројатно ќе ги загуби шансите да го одработи тригодишниот договор со Јунајтед.

Тухел нема да го одбие Јунајтед, затоа што Премиер лигата му е голема желба, а негова главна желба од достапните фудбалери му бил Иван Ракитиќ, за кого не би требало да биде проблем да се пресели на „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг