Пресврт во целата ситуација околу Игуаин, сега од Јувентус му подготвуваат…

Дерби

21/09/2019

13:54

1.717

Големина на фонт

а а а

Иако до пред само неколку месеци се чинеше дека деновите на Гонзало Игуаин во Јувентус се завршени, сепак веројатно нема да е така.

Имено, како што пишува „Калчомеркато“ од таборот на Јувентус подготвуваат нов договор за аргентинскиот напаѓач кој постигна еден гол во првите три кола за клубот од Торино во Серија А оваа година.

Договорот ќе биде со траење од две години и се верува дека според него Игуаин ќе заработува нешто помала плата од сегашната.

Доаѓањето на Маурисио Сари на клупата на Јувентус значеше и останување на Игуаин во клубот, а токму поради тоа од „Алијанц стадионот“ ќе си замине Марио Манџукиќ кој уживаше голема доверба кај претходникот на Сари, Макс Алегри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг