Работен состанок со Донаторската заедница за секторот Образование, вработување и социјална политика

Макфакс

20/09/2019

18:25

903

Големина на фонт

а а а

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваа на работниот состанок со меѓународните донатори за секторот Образование, вработување и социјална политика.

Адеми напомена дека координативниот состанок има важност и значење во исполнувањето на стратешките цели и определби на националните политики кон интеграција на земјата во Европската Унија.

„Важно е да го продолжиме и зајакнеме партиципативниот процес и координацијата на активностите во рамките на Стручното образование и обука, како и спроведување и следење на секторските политики со фокус на остварување резултати, а со цел обезбедување долгорочен ефект и усогласени реформи во секторот“, рече Адеми.

Министерството за образование и наука, истакна министерот, изминатиот период работеше на носењето добри и корисни политики преку спроведување на сеопфатна анализа од страна на ОЕЦД, за која веќе имаме и извештај, но и јасен показател во која насока ќе се движат реформите.

„При тоа се донесоа и повеќе значајни закони како: Законот за високо образование, Законот за основно образование и Законот за наставниците и стручните соработници во основно и средно, а во фаза сме и на креирање работна група која ќе започне со разработка на пакет-законите во делот на средното и средното стручно образование“, потенцираше Адеми пред присутните.

Царовска рече дека изминатиот период Министерството за труд и социјална политика работело на повеќе процеси и реформи.

„Дел од нив сезавршени, дел продолжуваат да се спроведуваат. Со социјалната реформа работиме на намалување на детска сиромаштија. Процесот на деинституционализација успешно се спроведува. Досега бројот на деца во институции е намален за 75 %, а до крајот на годината очекуваме да нема деца во домовите. Се отвори програма соо Светска банка за развој на социјални услуги на локално ниво. Успешно се спроведува реформата за стабилизација на пензискиот фонд. Работиме на квалификување на младите лица за што се предвидени активни мерки во Оперативниот план. Ова се само дел од процесите и реформите на МТСП“, рече Царовска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг