Фати доби пасош, ќе игра на Светското првенство

Точка

20/09/2019

16:02

1.344

Големина на фонт

а а а

За да можеше да заигра за репрезентацијата до 17 години на Шпанија, беше отворен процес за добивање на шпански пасош на младата ѕвезда на Барселона.

Ансу Фати е една од главните ѕвезди на Барселона оваа сезона, иако има само 16 години.

Со оглед на тоа што нема шпански пасош, фудбалерот кој е роден во Гвинеја Бисау, неговиот настап за кадетската репрезентација на Шпанија беше ставен под знак прашалник.

Сепак, шпанскиот фудбалски сојуз на крајот успеа да издејствува Фати да добие шпански пасош, па тој ќе игра на Светското првенство во Бразил за фудбалери до 17 години.

Турнирот ќе се игра од 26-ти октомври до 17-ти ноември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг