Мали, но опасни: Русија наскоро воведува ракетни бродови кои не можат да ги откријат радарите...

Точка

20/09/2019

15:27

2.167

Големина на фонт

а а а

Руската воена морнарица до крајот на оваа година ќе го воведе во својата флота малиот ракетен брод „Шмерч“ кој што претставува длабоко модернизирана класа на бродот „Овод“.

Овој брод ќе има исклучително мала радарска воочливост, моќно ракетно вооружување и голема подвижност. Овие модернизирани бродови ќе овозможат на големи далечини да бидат изведувани разорни напади против непријателски крстосувачки, па дури и носачи на авиони.

Руските медиуми откриваат дека во заливот на Петар Велики е во тек финалната етапа на тестирање на малиот ракетен брод „Шмерч“ и се претпоставува дека до крајот на оваа година ќе влезе во составот на руската Пацифичка флота.

При развојот на „Овод“, советските конструктори добиле амбициозна задача, на палубата на пловило со депласман од само 500 тони, да интегрираат шест против-бродски ракети „Малахит“, бродскиот ПВО систем „Оса-М“, радарска станица „Титанит“, како и моќен мотор.

Со оглед на тоа што првичните димензии на „Овод“ не биле доволни за сместување на оружјето и останатата опрема, конструкторите морале да ги зголемат димензиите, па така бродот не може да се класификува како мал ракетен чамец, туку како мал ракетен брод.

Воените експерти сметаат дека во периодот на Студената војна, „Овод“ немал конкуренција затоа што имал далеку поголема огнена моќ од своите западни конкуренти. Квалитетот на неговото вооружување го правел многу опасен за пловилата со далеку поголем депласман како што се разурнувачите и крстосувачите, па дури и за носачите на авиони.

Сепак, проблем е тоа што ваквата класа на мали бродови не може да се испраќа во мисија на отворено море, затоа што се доста нестабилни силен ветар и бура.

Кога станува збор за модернизираната верзија, „Шмерч“ со новите ракети ќе добие поголема ударна моќ благодарение на тоа што „Х-35У“ ракетите имаат домет од 300 километри. Секоја ракета е опремена со нов тип на самонаведувачка боева глава која е отпорна на електронско попречување. Овие ракети покрај тоа што можат да погодат подвижна мета на море, можат да погодат и мета на земја.

Покрај тоа, бродот ќе има и поголем капацитет на 16, наместо 6 „Малахит“ ракети, а исто така ќе биде опремен со помоќни и поекономични мотори кои позитивно ќе влијаат на неговите пловни карактеристики.



Спонзорирани линкови

Маркетинг