Подигнато нивото на безбедност на нафтените и комерцијалните пристаништа во Кувајт

Макфакс

20/09/2019

14:50

938

Големина на фонт

а а а

Државната Кувајтска новинска агенција денеска извести дека земјата го подигнала нивото на безбедност на сите свои пристаништа.

„Во одлуката се нагласува дека треба да се преземат сите мерки за заштита на бродовите и на пристаништата“, вели агенцијата, повикувајќи се на изјава на министерот за трговија и индустрија.

Нивото на тревога е подигнато во услови на ескалација на тензиите меѓу соседна Саудиска Арабија и Иран по нападот врз две постројки на „Арамко“ во Абакик и Кураис. 

По ова, производството на земјата се намали за 5,7 милиони барели нафта дневно, што претставува половина од вообичаеното производство. Инцидентот резултираше со значителен раст на цената на нафтата. 

Ситуацијата на Блискиот исток останува напната по нападот со беспилотни летала врз саудиските нафтени постројки во саботата. Јеменското движење Хути, кое се бори против Ријад, ја презеде одговорноста за нападите, но кралството го обвини Иран за инцидентот, пренесува „Спутник“.