Клубот од Чаир ќе добие нов тренер: Шкупи и Булент Акин се разделија по само два натпревари

Дерби

20/09/2019

10:54

823

Големина на фонт

а а а

Македонскиот прволигаш Шкупи е во потрага по нов тренер откако неочекувано ја прекина соработката со Булент Акин.

Акин дојде на клупата на Шкупи на местото на Умит Каран, односно беше промовиран на 5 септември по што ги водеше чаирчани на два лигашки меча против Силекс (1-0) и Вардар (1-2) на кои клубот освои три бода.

Зошто толку брзо се разделија со Акин тимот од Чаир не објасни туку само му посака среќа на Турчинот во понатамошната кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг