Убава вест за идните пензионери - жените со навршени 60, а мажите со 62 години ќе работат по шест часа, а ќе ја задржат целата плата

Точка

20/09/2019

14:47

2.661

Големина на фонт

а а а

Ова е една од поубавите новини за идните пензионери според која жените со навршени 60, а мажите 62 години старост ќе работат по шест часа дневно, а ќе ја задржат цела плата.

Во министерството за труд и социјална политика во моментов се работи на подготвување на Законот за работни односи чие носење е планирано за годинава, пренесуваат од “24info“.

Според најновите информации по новиот план, предвидено е да се овозможи намалување на работното време за повозрасните работници, а притоа да немаат намалување на платата која ја земаат.


Според новиот закон жените со навршени 60 години старост ќе работат по 6 часа, а мажите со навршени 62 години старост исто така ќе работат по шест часа, а притоа ќе ја задржат истата плата до нивното пензионирање.

Дополнително, ќе биде воведена можност за субвенционирање ангажман на млади кадри кои ќе го надополнат преостанатите два часа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг