Вистински херој и џентлмен среде хаварија - за него зборува цел Белград, а погледнете и зошто

Точка

20/09/2019

22:13

9.140

Големина на фонт

а а а

Утрово улиците низ главниот град на Србија се поплавени, а причината е водоводот и канализацијата поради пукање на голема, дистрибутивна цевка.

На улицата Кралица Марија, утрово дошло до хаварија кога пукнала водоводната цевка, а водата веднаш ги поплавила улиците.

На социјалната мрежа Твитер се појавила снимка на која се гледа како еден полицаец ѝ нуди помош на една девојка која паднала во водата и не можела да излезе од дупката.

Од белградскиот водовод и канализација кажале дека пукнала цевка и засега не се знае колкава е штетата ниту пак до кога тој дел од центарот на градот ќе биде под вода.

Станува збор за вистинска хаварија, а екипите работат на санирање на проблемот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг