На почетокот на годинава го загуби бебето, а сега повторно е бремена: Познатиот актер и неговата сопруга очекуваат принова

Точка

19/09/2019

17:40

2.821

Големина на фонт

а а а

Хиларија Болдвин ги израдувала сите со новата објава на Инстаграм, каде соопштила дека повторно е бремена, Алек Болдвин и таа го очекуваат нивното петто заедничко дете.

Хиларија споделила видео-снимка со отчукувања на срцето на бебето.

„Уште е многу рано, но дознавме дека во мене има едно мало суштество. Звукот на неговото силно срце толку многу ме усреќува, особено после загубата која ја имавме оваа пролет. Сакаме да ги споделиме вестите бидејќи сме возбудени и не сакаме да ја криеме бременоста“, напишала таа.

Додала дека пред неа е првиот месец - кога ќе чувствува замор и мачнина и дека не сака да глуми дека сè е во ред, пренесува „Womanshealthmag“.

Ги замолила новинарите да не испраќаат папараци да ја следат, бидејќи ѝ треба мир за време на бременоста и да не трчаат со камери каде и да се појави.

Пред пет месеци Хиларија имаше спонтан абортус.

„Ова е проблем на многумина кои страдаат во тишина, бидејќи тоа се некои правила кои мора да ги испочитувате. Можеби се работи за вас или за некој кој знаете дека преживеал ваква загуба“, напишала таа во една прилика.

Таа сака да објавува фотографии и да ги известува следачите како се чувствува, затоа на нејзиниот Инстаграм профил можеме да го видиме нејзиниот засега мал стомак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг