Дали ви пречи доколку на некој начин девојките заработуваат пари од Инстаграм? Со експлозија на социјалните мрежи се појавија и девојки кои себеси се нарекуваат инфлуенсерки и кои со своите објави на Инстаграм заработуваат пари, а практично не прават ништо.
Нивната работа е да се разголат и да направат најдобра фотографија и така приближно да изгледа нивниот работен ден.
Инфлуенсерката од Австралија, Џем Волфи има милион следбеници на Инстаграм, но како што таа кажува не ѝ се восхитуваат сите на тоа што го работи.
„Најлошиот дел од оваа работа е тоа што секојдневно читате илјадници негативни коментари“ - изјавила Џем која ја напуштила својата работа и сега се издржува од социјалните мрежи.
„Ја критукуваат мојата професија и тежина. Зошто на некој би му пречело тоа што го работам за да се издржам? Единствената причина е веројатно тоа што нив ги боли задникот од седење затоа што во канцеларија се по цел ден“ - констатирала таа.
„Возбудена сум секојпат кога треба да објавам нова фотографија. Заљубена сум во мојата работа“ - заклучила таа.