Гаро Тавитјан потпиша за „Vic Firth“ кои се NBA за тапанари

Точка

19/09/2019

11:34

5.546

Големина на фонт

а а а

Гаро Тавитјан е ексклузивец на „Vic Firth“ кои важат за број еден во светот на палките. А ако се прашувате како се станува нивни ексклузивец Гаро ќе ви одговори:

- Љубов кон инструментот и значителен број на часови поминати со истиот. Јас го комбинирав знаењето кое го стекнував низ секојдневните музички предизвици со настапите, со пробите, со искуствата кои ги имав преку светот на музиката во музичкото образование. Бев фасциниран од повеќето светски тапанари, премногу ги гледав и учев од истите. Тој признава дека не дава често интервјуа кои се исцрпни, но на наше задоволство ова е едно од ретките каде вие читателите на Точка, ќе можете да прочитате за неговите идни ангажмани и планови.

Како дојде до соработка со"VIC FIRTH" и како се станува ексклузивец, само талент и искуство ли се потребни?

- Многу несекојдневно прашање на коe немам еден одговор но јас лично имам огромна почит кон оваа дисциплина, односно кон тапанарството и повеќе од две децении со искрена почит и љубопитност се однесував кон инструментот. Љубов кон инструментот и значителен број на часови поминати со истиот. Јас го комбинирав знаењето кое го стекнував низ секојдневните музички предизвици со настапите, со пробите , со искуствата кои ги имав преку светот на музиката во музичкото образование. Бев фасциниран од повеќето светски тапанари, премногу ги гледав и учев од истите. Првиот човек кој ме упати во светот на светските тапанари беше татко ми кога ми отвори поглед кон неколку најбитни изведувачи и така се почна со нивно проучување и моето музичко школување во Скопје од најрана возраст. Најмногу научив од пробите од секојдневниот престој во просторијата со инструменти која ја имавме и каде вежбавме секој ден. Вежбав по повеќе саати на ден и најпредизвикувачки ми беа работите кои не ги имав совладано и кои не можев веднаш да ги изведам и тоа го вежбав најчесто исто и имав прилика да ја гледам групата на татко ми Гаро и Парамециум на пробите секој ден, група од која подоцна станав дел и со која ги имав првите 3 турнеи и значителен број на концерти како инструментален изведувач дури и со сопствена соло точка.Подоцна во 2001-ва година го оформивме составот со брат ми кој се вика Tavitjan Brothers и добивме награда на Sony натпреварот во Англија помеѓу 400 учесници каде учествуваше и светската група Yellow Jackets, во целиот тој круг успеавме да бидеме одбрани во првите финалисти и да победиме а тоа се случуваше во Лондон и од тие финалисти кои бевме извадија ЦД за Sony а ние сме дел од тоа ЦД со неколку наши композиции и изведби потоа имавме рецензии во неколку светски магазини, поточно до ден денеска во преку 200 европски,азииски и американски магазини и светски портали. Првата турнеја европска ни беше во 2002/2003-та година каде имавме многу настапи во Германија (каде и ме примија во џез академијата во Есен градот) од Дизелдорг, Келн, Фиерзен, Дортмунд итн. Подоцна следеа наши изданија и концерти низ целиот балкан, побитни концерти наши беа во Сава Центар во Белград (2 пати), Егзит и скоро секој град во Србија од Ваљево, Лесковац, Шабац, Нови Сад, Кикинда, Ниш, па и Хрватска, по дури 4 концерти во ист град низ текот на годините, повеќе од 50-тина концерти на територија на Хрватска и Србија, џез фестивалите на И стра од Опатија, Пула, Пореч, Либурнија, Момијано итн. се до концерт во Загреб. Ќе ја споменам и Словенија каде имавме концерт во националната филхармонијата а и во престижниот Цанкарјев Дом, исто и во Логатец како и концерт во Бугарска т.е Софиска Филхармонија (навистина полна) и на џез фестивалите во помалите градови низ Бугарија. На моите патувања низ светот бев и во Албанија (голем концерт пред 8000 публика) Холандија, Норвешка, Франција, Италија, Азија, а поинтересни искуства имавме во Ерменија каде имавме серија концерти и во националната филхармониска сала (преполна), на Каскадите пред 9000 публика , во Мецо Хаус неколку пати итн. Најсилен впечаток ми остави Америка каде бевме многупати, а љубов кон американската фјужн музика имам од најрана возраст , 2001-ва и добивме стипендија со брат ми за Беркли во Бостон. Вистински предизвик ни се случи во Њу Јорк каде имавме необјасниви искуства. Имавме 2 настапи во престижниот Blue Note, во Nublu (кое важи за авангардно култно место), имавме концерт во најзначајната концертна сала во светот Carnegie Hall во Њу Јорк (распродаден концерт), потоа во Drummers Collective (најдобрата школа за тапанари во светот), па во Атланта каде и снимавме проект кој е трибут проект во чест на Мајкл Џексон а предводен од пијанистот на Мајкл Џексон кој е наш долгогодишен пријател а во едно беше банд директор на Реј Чарлс и Earth, Wind and Fire. Снимавме и видео запис официјален за тој голем проект за Џексон кој ќе излезе за светкиот пазар. Од настапи во Америка интересно беше дамнешното искуство пред 12 години во Мс Галери и Њу Џерси. Бевме и учесници и во џез фестивал во Полска, покани за Бразил, Естонија во тоа време , како и нашите концерти во Лондон неколку пати во преубави локалитети и 2 џез фестивали каде имавме еклузивно распродадени сопствени вечери во Кингстон.Во Македонија навистина безброј концерти од Антички во Охрид, Хераклеја во Битола, градски стадион со наш проект со сите балкански великани како гости (тоа беше прв и најголем концерт во историјата на Македонија), но исто така имавме привилиегија уште 2 пати да настапуваме на градскиот стадион кога беше отварањето и уште еднаш како гости.6 настапи во „Борис Трајковски“ со разно разни гости, бевме гости на Драгоевиќ, па настапивме со Оливер Мандич со моја композиција, па на разни други концерти во Борис Трајковски, би го издвоил нашиот самостоен концерт во Универзална сала, МОБ, Македонски народен театар, АРМ и неколку турнеи низ сите градови низ Македонија. Можеби околу 80-тина концерти. Ја запазивме и домашната сцена. Татко ми е основач на модерната интерпретација на Македонскиот ритам и како таков во изминативе 50 години кариера и негов најзначаен амбасадор на Балканот и пошироко, а јас сега ја имам таа привилегија да сум првиот тапанар кој го пробива патот, т.е. потпишува за најголемиот тапанарски бренд во светот со седиште во Америка.

Кои светски имиња се дел од оваа компанија?

- Vic Firth е број еден во светот на палките со огромен менаџерски тим глобално. Моите идоли се дел, како на пример:

Charlie Watts (Roling Stones), Roger Taylor Meddows (Queen), Vinnie Colaiuta (Chaka Khan, Peter Gabriel, Johnny Mitchel, Frank Zappa, Allan Holdwsorth, Sting, Jeff Beck всушност тој има снимано стотици албуми и со сите светски имиња), мојот омилен Dave Weckl (Chick Corea,Michel Camilo), Nicko Mcbrain (Iron Maiden), Steve Gadd, Roger Taylor (Duran Duran) , Omar Hakim (Miles Davis,Madonna, Weather Report), Buddy Rich (Прогласен за највлијателниот тапанар во светот на сите времиња), Billy Cobham (Machavishnu Orchestra, Herbie Hancock) Jojo Mayer, Peter Erskine (Michael Brecker, Joe Zawinul), Eric Harland, Nate Smith итн. Сите овие имаат сопствен модел со свој потпис (signature series) кои можат да се набават секаде низ светот во секоја земја. Огромна честа е што направија палки и со мој потпис . А јас одлучив да го ставам и Македонското знаме како симбол (од каде сум почнал и во средината има обележје со 7/8 во знак на нашиот седум осмински такт) тоа беше моја лична одлука со никаква желба за добивање заслуги или поени поради тоа во очите на јавноста, тоа е мој личен душевен долг кон оваа земја на која сакав некако да и се одолжам во моите сопствени очи. Татко ми беше првиот кој ги измодернизира овие ритми и ги однесе во многу земји низ Европа и Русија, а јас продолжив со мои концепти, многу часови вежбав и пробував да ги одзагонетнам тајните на овој инструмент и додава патентирани полиметрични идеи каде советите за неправилни ритми од татко ми ги примав но ги инкорпорирав на мој начин каде почнав да мешам два ритми во едно каде рацете и нозете имаат одвоени темпа и метрики (што беше најголем предизвик) и по патот на науката и образованието бев и се уште сум многу љубопитен да откријам до каде се може тапанарството да се однесе од аспект на прогрес и тие стапки сакав да ги истражувам и надоградам со љубов и почит кон традицијата но на фрекфенција на светскиот јазик и од нивна страна во знак на почит кон мојот перформанс кој се базира на македонска и балканска ритмика импровизирана со џез и фјужн концепт, тие ми направија палки со потпис, а ке можат и другите да ги имаат.

Кои се нивните, а кои твоите обврски?

- Обврските се претежно деловна тајна.Таа американска компанија прави палки со потпис за светските имиња кои можат да се најдат во сите светски продавници и општо низ целиот свет од Америка, Јапонија, Русија, Балкан, Англија, Франција, Италија, па до Португалија. Тоа е компанија со седиште во Америка, имаат производство во неколку градови во Америка и во светот преку нивните фабрики и пласманот кој го имаат е низ целиот свет во сите држави, професионализмот и тимот кој работи менаџментски е премногу студиозно и добро организиран како што и прилега на број еден компанија во светот. Имаат сериозна агенда која во светот на тапанарите важи за многу инспиративна и предизвикувачка како и премногу креативна која навистина нуди прекрасни музички авантури и истовремено и реализација. Опфатени се и други сфери не само на тапанарите , се поврзуваат и со поширок спектар на музичари и организираат фестивали, концерти и евенти кои се многу проследени на нивниот канал. Сето тоа се прави со огромна љубов и многу релаксирана атмосфера како и почит кон музиката воопшто. Прекрасно е да се комуницира со нив. Интересно е што јас пораснав како корисник и фан на тие палици и нивните инструменти како и сите тапанари што ги познавам низ целиот свет. Vic Firth e NBA за тапанари. Јас снимав видео за нивниот светски јутјуб видео канал.

Од кого имаш најголема поддршка?

- Од мајка ми која животот го посвети на мене и брат ми, потоа брат ми кој ми е најголем ментор и татко ми кој не треба многу да објаснувам која улога ја има во мојот живот, семејство и девојка ми која ми е омилен човек вон моето семејство и учам од нејзе и спиритуално и во областа на уметноста.

И онака повеќе бевте насочени кон светскиот мзуички пазар. Остануваш овде или ќе се преселиш?

- Многу често патуваме со брат ми (Tavitjan Brothers) нашиот состав и базата ми е Македонија за сега но, ќе видиме во иднина. Каде и да бидам ке биде пожелно да патувам повторно. Знаеме да престојуваме во странство и по неколку недели, ни се има случено многу пати. Претежно за оваа професија треба многу откажување од приватниот живот и скоро од поголем дел од времето што го имате и од разни други секојдневни работи што повеќето луѓе ги уживаат. Многу вежбање бара инструменталната музика. Можеби, не многу луѓе го споменуваат тоа но според мене тоа е клучен момент. Нема други тајни. Тајната е во тоа да го посветиш целосно времето на инструментот што делува застрашувачки доколку сакате да имате регуларен стил на живот како сите други луѓе. Сите ние се уште учиме и имаме многу уште што да научиме. Јас не давам често интервјуа кои се исцрпни и бидејки ова е таргетирано интервју и се занимава со стручната област во која се пронаоѓаат инструменталисти сепак одлучив да дадам подолги одговори.

Имаш ли веќе закажани настапи во догледно време, музички проекти?

- Интересно прашање, се занимавам со студио многу години и творење претежно инструментална џез фјужн музика заедно со брат ми од кого многу време учев посматрајќи и слушајкќи. Имав и фаза каде работев и песни (од областа на покомерцијалната сцена) како на пример песната на Брејк – За Нас која и Нокаут ја изведуваат , заедно ја направив со Н.Перевски (Пере), па заедно и ја направивме и Трафика Мала композицијата, имав шанса да правам композиција и за Оливер Мандиќ, а тоа беше негов камбек , една композиција сингл имав со Paula C од Атланта, правев аранжман за Аки Рахимовски и Горан Бреговиќ, Сергеј Четковиќ, Антонија Шола и многу други, инаку да, скоро снимав нов џез фјужн проект од областа на сериозната музика исклучиво со гости од светската Американска авангардна сцена, тоа е таа моја омилена музика, а некои од гостите се светски историски познати во музиката (беше неколку годишен долг процес да се реализира) а јас долго го работев тој проект каде сум композитор и изведувач на пијано (на неколку композиции од областа на сериозната музика) и тапани, а кој наскоро ќе го објавам како едно изненадување со додатен проект кој е всушност и главна причина зошто овој проект се направи , нека биде сепак изненадување. Брат ми подготвува интересен проект во кој сум вклучен и јас и сето тоа одзема значително време и внимание. Пред неколку дена имавме концерт со брат ми и светски познатиот перкусионист (на Питер Габриел, Стинг,Чик Кориа, Херби Хенкок и Принц) Рани Крижа (Rhani Krija) , а потоа имаме покана за Шпанија за концерт, Србија турнеја и имаме покана за преку океанот.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг