Бонучи: Ова веќе не смее да ни се случува!

Точка

19/09/2019

08:36

990

Големина на фонт

а а а

Јувентус испушти солидна предност во Мадрид, а фрустрирачки за италијанскиот клуб е што повторно прими голови од прекин и тоа значеше два бода помалку од ова гостување.

Леонардо Бонучи по мечот не криеше дека е разочаран од негативната традиција во однос на овој аспект од играта.

– Навистина е штета што примивме два гола од прекин. Одигравме добро, но мора да бидеме пофокусирани, затоа што ова веќе ни се случува многу често. Сите мора да бидеме поконцентрирани, тим како нашиот не смее да прима толку често голови од прекин.

– Му создадовме на Атлетико проблеми, штета што Роналдо не погоди во судиското продолжение. Бевме гладни за победа, па настана тензија по крајот на средбата. Сите треба да преземат одговорност, но нечистата долна облека се пере зад затворени врати, – истакнал Бонучи кој беше капитен на Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг