Тука нема болести - еве во што е тајната на совршеното здравје на хиландарските монаси

Точка

18/09/2019

18:10

3.630

Големина на фонт

а а а

Монасите освен помала прелада немаат потешки болести, верувале или не, а еве што докторот Иван Поповиќ има да каже по дружењето со монасите на манастирот Хиландар.

„Братството на манастири ислучително е здрава и витална популација. За тоа допринесува и начинот на живот кој го водат како и нивниот начин на исхрана. Во состав со начинот на живот кој вклучува многу стоење најчесто се појавуваат потешкотии со проширени вени и евентуално со зглобовите. Еден од најголемите впечатоци ми е менувањето на свеста и начинот на размислување во текот на престојот кој го имав таму и мислам дека секој после една таква посета станува подобар човек“ - раскажува Поповиќ.


Хиландарската амбуланта каде што дежурал овој доктор била врвно опремена, од ултразвук до офтамолошки уреди и аптека.

„Иако цел мој живот сум верник сепак имав трема дали ќе можам да се вклопам таму. Но, кога ќе стигнете таму имате чувство како таму веќе да сте биле повеќе години. Тоа што ме воодушеви е нивниот начин на живот кој како со векови да не се променил. Сознанието дека и денес може да се живее така ми помогна во размислувањата за животот и мојата професија. Сè е смирено, секој има своја улога и без брзање може сè да се постигне“ - вели д-р Поповиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг