Опасна ескалација: Севернокорејски брод нападнал руска гранична патрола!

Точка

18/09/2019

09:17

2.931

Големина на фонт

а а а

Руската гранична служба запленила два севернокорејски бродови во руските територијални води во Јапонското море, а биле задржани и 80 Севернокорејци откако нивен брод нападнал руска гранична патрола.

Руската гранична контрола открила два поголеми брдови и уште 11 моторни чамци во илегален риболов на источниот брег и го сопрела првото пловило, по што од вториот севернокорејски брод бил отворен оган.

Тројца руски гранични стражари биле повредени во инцидентот во кој за среќа нема загинати, нешто што би довело до драстично нарушување на односите помеѓу Москва и Пјонгјанг.

„Двете пловила се запленети“, пренесуваат руските локални медиуми повикувајќи се на информации од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), од каде што исто така им потврдиле дека се уапсени дури 80 Севернокорејци.


Новинската агенција „Интерфакс“ пренесува дека и двата бродови биле пренесени во руското источно пристаниште Находка.

Москва во јули ја обвини Северна Кореја за илегално задржување на еден руски рибарски брод, а тогаш од Пјонгјанг се правдаа дека рускиот екипаж бил задржан поради нарушувањето на правилата завлез во Северна Кореја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг