Ковач откри колку време Баерн ќе биде без Алаба

Дерби

18/09/2019

09:08

252

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен утре ја пречекува Црвена Звезда во првото коло во Лигата на шампионите, а во пресрет на тој меч домашниот стратег Нико Ковач обелодени колку време ќе паузира стандардниот првотимец Давид Алаба.

Алаба се повреди на загревањето пред дербито со РБ Лајпциг во Бундеслигата, меч кој заврши без победник. Клубот посочи дека има скинат мускул на левата нога, ама не даде прогноза за тоа колку време ќе биде во „аут“, но тоа сега го откри хрватскиот стручњак кој воедно посочи кои играчи ќе го пополнат тоа место.

-Давид ќе биде во аут две, максимум три недели. Секако дека тој е важен играч за нас. За жал ќе отсуствува неколку недели, ама Лукас Ернандез го освои СП на таа позиција. Тој има поинаквa интерпретација за тоа како да игра на позицијата лев бек, но одлично си ја врши работата. Алфонсо [Дејвис] може да игра на таа позиција, тоа е причината зошто го игравме против Лајпциг. Тој не играше како лев бек, но го пополнивме тоа место за да може да работи заедно со Лукас. Утре имаме меч во Лигата на шампионите, може да биде поинаку, -истакна Ковач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг