Становите на своите деца гаранција дека нема да побегне - Катица Јанева бара да излезе од притвор

Точка

17/09/2019

20:10

4.549

Големина на фонт

а а а

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева испрати барање да излезе од затворот во Шутка и поблаги мерки поради влошувањето на нејзината здравствена состојба.

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска вели дека бидејќи законските услови се исполнети Јанева не мора да биде во притвор.

„Катица Јанева е разрешена од функцијата специјален јавен обвинител, како и од јавен обвинител во Гевгелија. Практично не може на ниту еден начин да влијае ниту на сведоците, ниту на предметите. Веќе има законски услови да не се оди со најстрогата мерката притвор, туку да се определат други мерки на претпазливост. Дополнително, гаранцијата е еден вид обезбедување за нејзиното присуство“, изјавила Фрчкоска.

Како гаранција дека нема да избега, Катица Јанева ги нуди становите на ќерката и синот во вредност од околу 160 илјади евра, но и уште еден стан кој што е во сопственост на човек од нејзиното потесно семејство.

Јанева имаше четиригодишен мандат, но во сите тие години таа сепак одбивала да даде информации за тоа колку примања има месечно.

Таа до 14-ти октомври треба да го поднесе финалниот анкетен лист на нејзино име.

Од основниот кривичен суд велат дека барањето на Катица сè уште не стигнало до нив, а доколку истото биде доставено веднаш ќе биде дадено на разгледување до Кривичниот совет.

Триесетдневниот притвор на Јанева ѝ истекува во петок. Таа е третоосомничена за случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец кои пак добија продолжување на притворот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг