Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска изјавила дека нападите во Саудиска Арабија не ги гледа како причина за завршување на германската забрана за извоз на оружје во таа земја.
Влијателен пратеник од Германија, предложил Германија да размисли за извоз на системот за одбрамбено одружје во Саудиска Арабија, пренесува АР.
Меѓутоа, Меркел рекла дека таа „моментално не гледа никакви услови за промена на ставот на германската влада“.
Иако ги осудила нападите во Саудиска Арабија, таа рекла дека забраната делумно стапила на сила поради загриженоста на Германија околу конфликтот во Јемен, кој не се променил.
„Мислам дека случувањата покажуваат дека мора да се направат итни напори да се најде дипломатско решение за конфликтот во Јемен, дури и ако тоа во овој момент изгледа многу тешко, мора да продолжиме да се обидуваме“, истакнала Меркел.