НАТО будно и загрижено ги следи случувањата по нападот врз рафинеријата на Саудиска Арабија

Макфакс

17/09/2019

15:50

1.030

Големина на фонт

а а а

НАТО загрижено ги следи случувањата по нападите со дронови врз нафтената рафинерија на Саудиска Арабија, „Арамко“, изјави шефот на алијансата.

„Каков било прекин на глобалното снабдување енергија претставува голем проблем за НАТО-членките. Го следиме развојот внимателно и загрижено“, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг ги повика сите засегнати страни да превенираат слични понатамошни инциденти за кои тој вели дека претставуваат сериозна закана за безбедноста во регионот.

Во понеделникот јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за нападот со дронови и ги предупредија странските компании и работниците да не се приближуваат до рафинеријата бидејќи може повторно да нападнат.

Хутите, кои добиваат поддршка од Иран, повеќепати нападнаа неколку стратешки локации на Саудиска Арабија со помош на дронови.