Руски разузнавач тврди дека е можно воено сценарио по нападите во Саудиска Арабија

Макфакс

17/09/2019

12:42

1.656

Големина на фонт

а а а

Шефот на руската разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, изјави дека е можно воено сценарио по нападите на саудиските нафтени постројки, но дека тој сепак се надева н мирно решение, пренесува „Спутник“.

„Военото сценарио е можно по нападите на нафтените објект во Саудиска Арабија, но се надеваме дека тоа прашање ќе биде решено по мирен пат“, рече Наришкин.

Американскиот претседател Доналд Трамп нешто порано изјави дека САД не сакаат војна со Иран, кого го сомничат дека ги организирал нападите во Саудиска Арабија.

чки председник је нешто раније изјавио да САД не желе рат са Ираном, којег они сумњиче да је Тој додаде дека Вашингтон е спремен за воен конфликт повеќе од која било друга држава затоа што го имаат најдоброто вооружување.

За потсетивање, во напад со дронови во саботата беше оштетен центарот на постројката за производство на нафта во Саудиска Арабија. Медиумите наведуваат дека таа постројка учествувала со пет отсто во глобалното снабдување со нафта.