Трамп не е загрижен од растот на цената на нафтата: Тоа не е проблем, имаме ние огромни резерви...

Точка

17/09/2019

08:48

1.245

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател изјави дека цените на нафтата и не пораснале многу, нагласувајќи дека и другите земји можат да го надоместат тоа со ослободување на своите залихи.

Според Доналд Трамп, цената на нафтата и не скокнала многу откако беше преполовено производството на енергенсот во Саудиска Арабија поради напади со дронови на нафтените постројки.

„Цените и не пораснаа многу, а ние имаме стратешки резерви на нафта кои се огромни и можем да ослободиме мал дел. Останатите земји исто така можат да бидат малку дарежливи со нафтата“, изјави Трамп за време на разговорите со бахреинскиот престолонаследник Салман Бин Хамад Ал-Каифа во Белата куќа.

##https://twitter.com/Gander_News_i5/status/1173707945068158982##

Берзите ширум светот деновиве се соочуваат со голем пад на вредноста на акциите откако нападот на најголемата нафтена постројка во Саудиска Арабија предизвика голем пораст на цената на нафтата.

Нападот во Саудиска Арабија кој со дронови го изведоа јеменските Хути бунтовници предизвика големи проблеми во испораката на нафтата. Американците тврдат дека зад нападите стои Иран, а Трамп дури се закани и со воена акција.