На богаташите апокалипсата не им може ништо - суперлуксузни скривалишта за крајот на светот сега се најбарани, а еве каде е најсигурно

Точка

16/09/2019

15:05

2.273

Големина на фонт

а а а

Заканата за глобално уништување на многумина им се чини многу веројатна како што многупати било во минатото, но денешните скривалишта се направени по највисоки стандарди и многу се разликуваат од оние од 20-от век.

Глобалната побарувачка на скривалиштата во случај на Трета светска војна, удар од астероид или епидемија сè повеќе расте, а тие се неверојатно луксузни.

Една од таквите компании е и „Вивос“ која ја основал Роберт Вицино од светот на некретнините и управува со врвни скривалишта со неверојатен дизајн ширум светот.

„Скривалиштата во минатото не биле толку удобни. Биле сиви, метални како брод или некој друг воен објект. фактот дека човештвото не може долготрајно да преживее во такви спартански и пусти опкружувања“ - објаснил Вицино за Си-ен-ен.

Припадниците на светската елита како Бил Гејтс (за кој се шпекулира дека има бункер на секој од своите имоти) избрале да ги дизајнираат своите скривалишта.

Додека некои преферираат да бидат сами на другите интересно им е апокалипсата да ја преживеат во заедница која нуди искуство кое е слично на она во “реалниот свет“.

Поголем дел од нив вклучуваат и прехранбени производи за една година или повеќе. Дизајнерите исто така се трудат да направат заедници со членови кои имаат разни способности потребни за преживување, од доктори до наставници, пишуваат од Си-ен-ен.

Вицино изјавил дека „Вивос“ ги распродал своите скривалишта за заедници во последниве неколку недели. Едно од таквите скривалишта се наоѓа во Јужна Дакота и се состои од 575 воени бункери кои претходно биле магацини за муниција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг