Сончево и топло со температура до 34 степени

Макфакс

16/09/2019

08:16

887

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 33 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во вторник. Значителна промена на временската состојба со наоблачување, врнежи од дожд и намалување на температурата се очекува од четврток.



Спонзорирани линкови

Маркетинг