Полицијата привела четворица скопјани со марихуана

Макфакс

13/09/2019

20:15

1.121

Големина на фонт

а а а

Четворица скопјани во три одделни случаи се приведени од страна на полицијата кога при претрес кај нив била пронајдена марихуана.

Како што информира МВР, изутринава во 1.45 часот полициски службеници од СВР Скопје, во близина на Градскиот стадион, го привеле Ф. П. (20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера, во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на улицата Вергино ги лишија од слобода С. Ш. (26) и Д. М. (31) од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Попладнето, во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на Рекреативниот центар „Езеро Треска“ го привеле и С. Г. (43) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг