Големи пожари во Прилепско, гори на пет локации

Макфакс

13/09/2019

20:08

3.140

Големина на фонт

а а а

Од 15.40 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правца поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, во атарот на селото Тројаци кон селото Топлица.

Пет големи пожари кои во моментов се активни во Прилепско – не потегот кај месноста Тројаци до Радобил каде од околу 13:30 часот гори нискостеблеста шума, а огнената стихија не стивнува ниту кај селата Подмол, Бонче, Дебреште и Долненско каде гори нискостеблеста шума и трева. На помош на прилепските пожарникари пристигнуваат екипи од соседните градови кои заедно со нив се обидуваат да го изгаснат огнот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг