Ивановска: Го викнавме Кочо Анѓушев на отчет за „Тополки“

Макфакс

13/09/2019

19:34

2.037

Големина на фонт

а а а

За неколку актуелни случаи на сомнежи за корупција пријавени во Државната комисија за спречување на корупцијата, многу набргу ќе има одлука.

 Таков е случајот „Тополки“ за купопродажбата на земјиштето за изградба на хидроцентрали на братот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Ова во интервју за „Макфакс“ го откри претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, која говореше за постигнатото во првите над шест месеци работа како состав.

„Работењето на предметот е при крај. Во текот на истражувањето имавме средба и со вицепремиерот Кочо Анѓушев со цел да ги видиме сите околности настанати за случајот. Многу набргу ќе излеземе со нашите ставови“, рече Ивановска. На прашање дали досега откриле незаконитост, рече дека не би сакала да говори за случајот пред објавата на Комисијата.

Случајот со набавката на радарската опрема во ‘Македонска навигација’, каде што е инволвиран и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, антикорупциската комисија го работи заедно со Државниот завод за ревизија. Рашковски сè уште не бил повикан во Комисијата, но ако има потреба, и тоа ќе се случи, рече Ивановска.


На следната седница како точка на дневен ред ќе се најде и предметот со имотната состојба на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Ивановска одговори и на повеќе прашања поврзани со работата на антикорупциската комисија, со отфрлените пријави од Управниот суд и Обвинителството. Меѓу топ-три генератори на корупцијата ги наведе вработувањата и јавните набавки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг