Наскоро излегува продолжението на популарниот Дизни филм „Maleficent“, во кој Анџелина Џоли ја има главната улога, а по тој повод, на официјалниот Инстаграм профил на Дизни се објавени досега невидени снимки од трансформацијата на Анџелина Џоли во ликот кој го толкува.
„Повторно е во црно“, напишале покрај снимката која за два дена е прегледана повеќе од 1,8 милиони пати.
Снимките и фотографиите од позади сцена ги воодушевиле фановите на Анџелина.
„Ова е сè“, „Толку сум возбудена“, „Ова мора да го гледам“, се само некои од коментарите.
Филмот во кината пристигнува на 18-ти октомври.