Солскјер со нов коментар за иднината на Де Хеа: Има многу преговори, се надевам ќе ја заврши кариерата…

Дерби

13/09/2019

16:18

1.345

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Јунајтед на денешната прес конференција во пресрет на натпреварот со Лестер се огласи и за иднината на Давид Де Хеа.

Во последно се појавија шпекулации дека Шпанецот би можел да си замине од клубот и веќе во јануари да договори трансфер за следното лето. Сепак, Норвежанецот потврди дека се уште се водат преговори меѓу клубот и Де Хеа за евентуално продолжување на соработката.

– Има многу разговори и преговори меѓу Давид и клубот. Се надеваме дека се набрзо ќе биде решено. Јас сакам Давид да остане овде и тој го знае тоа. Давид е најдобриот голман во светот, тоа го видовме минатите години и се надевам дека ќе се осигураме дека ќе ја заврши кариерата во Манчестер Јунајтед на највисоко ниво, -истакна Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг