Алегри: Интер дефинитивно може да ја освои титулата

Точка

13/09/2019

15:38

1.081

Големина на фонт

а а а

После двонеделната пауза поради дуелите на репрезентациите, конечно се враќа клубскиот фудбал овој викенд.

Во Серија А се одиграни само две кола, а засега „максимални“ се Интер, Јувентус и Торино. Програмата од третото коло ја отвора Јувентус - избраниците на Сари гостуваат кај Фиорентина утре во 15 часот.

Ова лето, покрај тоа што го одбележаа бројните трансфери во Серија А, исто така големо внимание привлекоа и назначувањата на нови тренери, посебно во Интер и Јувентус, двата најголеми ривали во Италија.

Јувентус одлучи да му врачи отказ на Алегри и да го доведе Масимилијано Алегри, додека пак „Нераѕурите“ го заменија Лучијано Спалети со многу позвучно име - Антонио Конте кој го направија и најплатен тренер на Апенините.


Токму одлуката на Интер да го доведе Конте, заедно со спортскиот директор Бепе Марота на почетокот на оваа година, според поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, би можело да донесе промена во трката за Скудетото.

„Во Јувентус освојував трофеи со Марота, но и без него. Во Интер тој заврши одлична работа, тие имаат силен тим и Конте знае како да избалансира. Со нив двајца на чело, Интер дефинитивно може да ја освои шампионската титула“, изјави Алегри.

Масимилијано Алегри исто така нагласи дека Роналдо би можел да направи голема разлика.

„Неговата ментална сила е на неверојатно ниво. Има 34 години, освојуваше разни шампионати, европски титули и Златни топки, но тој од сезона во сезона продолжува со работа. Неговиот стимуланс е тоа што прави разлика, тоа ќе биде возбудлива трка“, изјави Алегри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг