„Ми го потценуваа изгледот, а не ме ни препознаа“: Оскаровката се направила “коски и кожа“

Точка

12/09/2019

19:55

5.130

Големина на фонт

а а а

Холивудскатаа ѕвезда, Рене Зелвегер, решила на шест години да се повлече од јавноста и да му се посвети на здравјето, а сега, кога повторно се појави во јавноста, изгледа неверојатно слабо.

Оскаровката Рене Зелвегер целосно се трансформира за улогата во филмот „Џуди” , посветен на актерката и пејачка Џуди Гарланд.

На филмскиот фестивал во Торонто, публиката била воодушевена од филмот, но нејзиниот изглед на премиерата наишол на критики.

На премиерата, актерката била видно среќна, но многумина коментирале дека изгледа преслабо и изгладнето во светло син фуста.

Рене очигледно станува преслаба и се чини дека потклекнала под диктатите на холивудската индустрија, за која е потребно актерките да бидат со нула конфекциска големина.


За актерката, која стана позната како Бриџит Џонс, ова е кам-бек филм затоа што шест години беше далеку од јавноста. Во овој период, таа одлучила да се посвети на себеси и на своето здравје.

Нејзините пријатели велат дека вежба два часа на ден, а може да истрча и по 20 километри дневно.

„Научив да се грижам подобро за себе. Бев толку зафатена претходно, и никогаш не помислив на таа опција. Сега тоа ми е приоритет. Професијата, во мојот случај актерството, не мора да биде нешто што ќе ми го наруши здравјето и животот“, рекла 50-годишната актерка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг