Борис Џонсон: „Не ја лажев кралицата за суспензијата на парламентот“

Точка

12/09/2019

19:30

1.725

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги негирал тврдењата дека ја излажал кралицата Елизабета во врска со причината за суспендирање на парламентот на пет недели, откако судот пресудил дека неговата одлука за да го стори тоа е незаконска.

Парламентот бил суспендиран во понеделникот до 14-ти октомври, а противниците на Џонсон велат дека овој потег е осмислен за да ги спречи нивните обиди помно да ги проучат плановите на премиерот да ја напушти Европската Унија и да му овозможат да спроведе брегзит без договор на 31-ви октомври, пренесува „Ројтерс“.


Највисокиот апелационен суд во Шкотска донел одлука во средата дека суспензијата не е законска и ги ограничува правните застапници, поради што противниците на Џонсон го обвиниле дека ја лажел кралицата за причината за суспензијата.

Џонсон денеска изјавил дека тие тврдења “апсолутно не се точни“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг