Костаднинов: Мицкоски призна дека има изјави од предистражни дејствија, тоа е кривично дело

Макфакс

12/09/2019

14:44

605

Големина на фонт

а а а

Покрај тоа што мавташе со наводни документи за искази и вештачења, во вчерашната изјава Христијан Мицкоски случајно или не призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали од предистражни дејствија, односно материјали од нелегално следење на комуникациите, рече денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој потсети дека поседувањеа изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело и додаде дека оној што ги споделил таквите документи не може да биде свиркач туку вршител на кривично дело.

„Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец. Христијан Мицкоски ги покажа неговите вистинските намери, да работи против правната држава, да ги кочи процесите и да го загрозат датумот за почеток на преговори со ЕУ“, посочи Костадинов.

Партискиот портпарол исто така истакна дека со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО.

„Сите отворени истраги и судски случаи ќе се расчистат до крај и секој за кого ќе се докаже вмешаност во криминал ќе одговара за своите постапки“, кажа Костадинов додавајќи дека власта никогаш нема да отстапи од заложбите за владеење на правото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг