Селаните предизивкале пожари кои никој не може да ги изгасне: Гори Индонезија, се гушат Сингапур и Малезија

Точка

12/09/2019

13:25

926

Големина на фонт

а а а

Малезиските власти на граѓаните им поделија половина милион маски за лице, откако огромен облак со чад ја „покри“ Индонезија и се прошири во соседните земји.

Шумските пожари беснеат на Суматра и Калимантан веќе подолг период. Повеќе од 930 илјади хектари се уништени, а илјадници жители се евакуирани поради пожарите. Како што пренесува „СиЕнЕн“, над 9 илјади луѓе во моментов се обидуваат да ги стават пожарите под контрола.

Сингапур и Малезија кои што се наоѓаат во непосредна близина, со денови се гушат токму поради тие пожари. Квалитетот на воздухот е веќе до крајните граници и е опасен по здравјето на луѓето.


Пожарите, според првичната истрага ги предизвикале земјоделците кои на тој начин ги чистат своите полиња, а токму тоа е причината и за избивањето на катастрофалните пожари во Амазонија.

Националната агенција за природни катастрофи на Малезија обезбеди половина милион маски, а ширум државата се затворени дури 409 училишта. Во последните 24 часа дури 11 од 16 малезиски региони имале зголемен индекс на загаденост на воздухот.


Опасниот индекс на загаденост на воздухот скокнал и во Сингапур и во текот на целиот ден ситуацијата е „проблематична“. На фотографиите направени во малезискиот главен град Куала Лумпур, може да се види како градот е прекриен од густ смог, а локалните власти ги советуваат граѓаните да не ги напуштаат своите домови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг