Погба договорил трансфер во последните моменти од преодниот рок, но не во Реал Мадрид

Дерби

12/09/2019

12:17

2.606

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот весник „Калчомеркато“ пренесува дека Пол Погба ги договорил личните услови со еден европски гигант во последните денови од преодниот рок.

Имено, како што пишува медиумот Погба се согласил на договор со ПСЖ со кој би заработувал по вртоглави 429.000 фунти неделно, меѓутоа трансферот пропаднал затоа што од францускиот клуб не си заминал Нејмар.

ПСЖ планирал парите кои ќе ги добие од Нејмар да ги уплати на Манчестер Јунајтед со што би ги задоволил нивните барања од околу 150 милиони евра за да го ослободат фудбалерот од обврските.

Сега останува да видиме дали во јануари Погба ќе си замине од клубот или ќе го продолжи договорот, па уште неколку сезони ќе остане на „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг