Ова се кандидатите за Светски автомобил на годината

Точка

11/09/2019

19:33

1.671

Големина на фонт

а а а

На Саемот за автомобили во Франкфурт е соопштена листата на модели кои што влегуваат во потесниот избор за престижната награда најдобар автомобил на светот за оваа година.

Изборот на глобален автомобил на годината за 2020-та година започнува веднаш после манифестацијата во Франкфурт.

Во следните шест месеци, 80 истакнати автомобилски новинари ќе ги возат и тестираат сите возила од листата за најпрвин да се направи уште потесен избор, за потоа да биде прогласен и конечниот победник.


Да потсетиме, последниот добитник на престижната награда е Jaguar I-Pace, а ова се кандидатите за Светски автомобил на годината.

Cadillac CT4, DS 3 Crossback, DS 7 Crossback, Ford Escape/Kuga, Ford Explorer, Hyundai Palisade, Hyundai Sonata, Hyundai Venue, Kia Seltos, Kia Soul EV, Kia Telluride, Range Rover Evoque, Mazda CX-30, Mazda 3, Mercedes-AMG A35/A45, Mercedes-AMG CLA35/45, Mercedes CLA, Mercedes GLB, Mini Cooper SE, Opel Corsa, Peugeot 2008, Peugeot 208, Renault Captur, Renault Clio, Renault ZOE R135, Seat Tarraco, Škoda Kamiq, Škoda Scala, SsangYong Korando, Volkswagen Golf, Volkswagen T-Cross.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk