Лукаку: Конте е најзаслужен за мојата форма

Точка

11/09/2019

17:46

745

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку изјави дека напорните тренинзи со Антонио Конте веќе започнале да вродуваат со плод.

„Конечно работам со Конте, тренерот кој долго време се обидуваше да ме доведе во клубот. Моментално сум во одлична форма и можам да кажам дека дел од заслугите за тоа се негови. Интер има одличен тим, баш како и Белгија за која што постигнав гол во понеделникот. Многу е важно тимот да игра добро, кога тоа се случува постигнуваме и голови“, изјави белгискиот напаѓач, а потоа се осврна и на расистичките навреди кои ги доби од страна на навивачите на Каљари.

„Имаше само неколку зборови, но моќни зборови кои сите ги разбраа. Серија А направи чекор напред во борбата против расизмот, а се надевам дека УЕФА и ФИФА ќе ги направат следните“, изјави Лукаку.

Белгиецот пристигна во Интер во текот на летниот преоден рок од редовите на Манчестер Јунајтед, по инсистирање на тренерот на „Нераѕурите“, Антонио Конте. Лукаку на своето конто има два погодоци на два натпревари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг