Ким Кардашијан се појави во јавноста со досега никогаш пократка коса

Кармин

11/09/2019

14:48

3.966

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан Вест има нова фризура. Иако уште пред летото направила боб фризура, косата во меѓувреме ѝ пораснала и сега повторно ја скратила, но повеќе од било кога.

Но, пред да ја скрати косата, на Инстаграм-стори ги прашала обожавателите за мислење.


„Крис Апелетон сака уште повеќе да ја скрати мојата коса. Дали да му дозволам?“, прашала Ким, а иако преовладувал одговорот “не“, сепак му дозволила на својот фризер да ја скрати.

Со коса до брадата подоцна се појавила на Модната недела во Њујорк, а освен поради фризурата, собрала погледи и поради својот стајлинг.


Носела сребрен металик топ, кожни панталони и сандали, а на ревијата дошла со нејзината пријателка Ла Ла Антони.

Изгледа дека доминацијата на боб фризурата продолжува и оваа есен, а освен Ким, неодамна тоа го потврдиле и Џенифер Лопез и Иванка Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk