18 години од нападот кој засекогаш го промени светот: Терористите на Ал Каеда украле 4 американски авиони и “удриле“ на САД! Во морничави сцени починале речиси 3.000 луѓе

Точка

11/09/2019

09:36

2.127

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, 2001-та година припадниците на Ал Каеда украле четири американски авиони и извеле симултан напад со повеќе цели врз САД.

Два од авионите удриле во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, познати како „Кули близначки“. Третиот авион “удрил“ во Пентагонот во близина на Вашингтон, а четвртиот се срушил во Пенсилванија откако патниците дале отпор на крадецот. Вкупно погинале 2.983 луѓе.

Амриканците традиционално ги одбележуваат овие напади со читање на имињата на погинатите и оддавајќи им почит преку светла на местото каде што се срушени „Кулите близначки“. Исто така се одржува и шестминутно молчење.

Четири од тие шест минути го симболизираат точното време кога четирите украдени авиони удриле во „Кулите близначки“, Пентагонот и Пенсилванија, а останатите две минути го претставуваат момнтот кога се срушиле северната и јужна кула во Светскиот трговски центар.

Церемонијата се оддржува во близина на двата базени со водопади кои се наоѓаат на местата каде што некогаш се наоѓале кулите, во присуство на почесна гарда на полиција и пожарникари.

Кулите на Светскиот трговски центар се срушиле два часа по ударот на авионот, а во нив загинале 2.606 луѓе, вклучувајќи и 343 пожарникари и 60 полицајци.

Уште 125 луѓе починале во нападот на Пентагон. Страдале сите луѓе во четирите авиони, вкупно 265, вклучувајќи ги и 19-те крадци. Вкупно загинале 2.983 луѓе. Жртвите биле државјани на 77 земји.

Американските власти речиси 10 години подоцна во 2011-та година, во Пакистан го убиле лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен во операција која ја одобрил тогашниот американски претседател Барак Обама.



Спонзорирани линкови

Маркетинг