Ангеловски за соработката на Елиф со Анчелоти: Елмас има една тајна

Дерби

10/09/2019

21:06

1.462

Големина на фонт

а а а

Македонија успеа да слави на гостувањето во Рига со 0:2 и фудбалерите на најдобар начин одговорија на барањето на Игор Ангеловски, националниот селектор кој порача дека само три бода ќе направат освоениот бод во Бер Шева да добие на тежина.

Со новата победа во квалификациите, Македонија сега има реални шанси да размислува за второто место во групата, но покрај тоа што македонскиот селектор даде изјава на пресот по крајот на средбата во Летонија, сега во Италија стана актуелно едно негово интервју за „Радио Марте“.

– Навистина ми е мило што Елмас потпиша за Наполи, не само поради тоа што станува збор за втората сила во Италија, туку и поради тоа што ќе работи со Анчелоти, еден од најдобрите тренери во светот. После еден месец со него, Елмас е веќе подобар. Ми кажа дека многу добро работи во Наполи, но убеден сум дека ќе биде уште подобар. Има само 20 години, но веќе покажа голем карактер. Елмас има една тајна, а тоа е фактот што верува многу во себе. Сака да докаже дека може да се справи со секоја ситуација. Наполи има огромен квалитет, но Елмас припаѓа таму, – порачува Ангеловски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг