Трамп објави фотографија: Гром го погоди претседателскиот авион

Точка

10/09/2019

16:36

2.293

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на социјалните мрежи драматична фотографија на која се гледа како гром удира во претседателскиот авион.

Поради невремето американскиот претседател бил принуден да се откаже од планираната посета на подрачјата кои што беа неодамна погодени од ураганот „Доријан“.

Фотографијата е направена на аеродромот „Марин Корпс“ во Северна Каролина. На фотографијата се гледа познатиот американски претседателски авион "Air Force One" кој е погоден од гром.

Најпрвин било планирано Трамп со хеликоптер да го посети подрачјето погодено од ураганот „Доријан“, но после овој инцидент се откажал од идејата и во авионот добил извештај за настраданите, повредените и причинетата штета.

Громот удрил во авионот на Трамп непосредно после слетувањето, а фотографијата е направена од местото на кое што новинарите го чекале пристигнувањето на претседателот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг