Аргентина им ги скрати крилјата на „орлите“: Србија со шокантна елиминација од Мундијалот во Кина

Дерби

10/09/2019

16:27

1.431

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Србија претрпе шокантен и неочекуван пораз од Аргентина кој стави крај на надежите на нашиот сосед за голем успех на Мундијалот во Кина.

Србите важеа за едни од најголемите фаворити за освојување на златниот медал, меѓутоа не ја преминаа пречката наречана Аргентина која ги запре „орлите“ и ги совлада со резултат 97:87.

Јужноамериканската селекција натпреварот го реши во првиот дел од последната четвртина со серијата од 19:6. Искусниот Луис Скола со 20 поени беше предводник на репрезентацијата на Аргентина, додека кај Србија се истакна Богдан Богдановиќ со 21 поен.

Со овој пораз избраниците на Александар Ѓорѓевиќ ќе разигруваат за позициите од 5. до 8. место на Мундобаскетот во Кина, а противник ќе им биде поразениот од пресметката меѓу САД и Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг